Бегалците од племето Рохингја од Мјанмар, кои во последниве недели се во центарот на вниманието на јавноста во Азија и во светот, поради хуманитарната катастрофа во која тие се најголемите жртви, најмногу сакаат да се вратат дома.
Тие денеска на прес конференција во Бангкок побараа Мјанмар, поранешна Бурма, да им обезбеди елементарни услови за живот. Претседателот на „Бурманската Асоцијација на племето Рохингја во Тајланд’’ Маунг Кјав Ну денеска,побара лидерот на опозицијата во Мјанмар, нобеловката Аунг Сан Су Ќи да се заложи властите во Мјанмар да го признаат постоењето на племето и да им ги дадат основните човекови права, со што проблемот би бил решен.
На истата прес-конференција, влијателниот политичар, поранешен шеф на тајландската дипломатија Касит Пиромвја ја повика Аунг Сан да го прекине молкот околу бегалската криза која, според него, мјанмарските власти настојуваат да ја прикажат како проблем што не е внатрешно прашање на Мјанмар. Касит потсети дека Нобеловата награда за мир Аунг Сан ја добила поради нејзината борба за враќањена човечките права во Мјанмар и дека сега нема право да молчи, плашејќи се од гневот на доминантното будистичко население во нејзината држава.
Поранешниот прв човек на тајландската дипломатија соопшти дека тој е дел од тимот што ќе ги координира напорите на меѓународната заедница за решавање на бегалската криза и статусот на малцинското муслиманско племе Рохингја во Мјанмар. Во Акционата програма за решавање на проблемот, како што сопшти Касип Пиромвја се вклчени државите од АСЕАН, Високиот Комесаријат за бегалци на Обединетите Нации УНХЦР и Меѓународната организација за мигранти ИОМ. Претставниците на овие тела, покрај другото, имаат задача да вршат притисок на Мјанмар во Обединетите Нации и дипломатските претставништва на Мјанмар во Светот.
Се очекува Аунг Сан Су Ќи за проблемот на бегалците да се изјасни по нејзината посета на Кина, каде што ќе има состаноци со највиоките раководители. Односите меѓу сегашните власти во Јангун со Пекинг од лани се прилично заладени, а водачката на мјанмарската опозиција, како што се најавува, сака да ја добие кинеската поддршка пред општите избори во Мјанмар, закажани за оваа есен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.