Народниот театар „Војдан Чернодрински“ од Прилеп вечер премиерно ќе ја изведе претставата „Премиера во сабота“ во режија на Коле Ангеловски.
Текстот, според режисерот Ангеловски, е продолжение на претходната претстава „Три во едно“. И во овој текст станува збор за три различни приказни. Сега дејството се одвива во театар и почнува 10 дена пред премиерата. Дејството се однесува на се што се случува пред премиерата има проби, се измислуваат сцени, сценографијата не е готова, нема стигнато пари за претставата. И се завршува со премиерата. Не случајно насловот на претставата е „Премиера во сабота“.
Учествуваат 17 актери кои играат и пеат и ова е уште една урнебесна комедија на ситуации, вели Ангеловски. Костимите и сценографијата во претставата се на Илина Ангеловска, музиката е на Томе Темелкоски, а за кореографијата се погрижи Кире Миладиноски.
Министерството за култура финансиски ја поддржа претставата „Премиера во сабота“. Оваа премиера во прилепскиот театар е своевидна најава на 50. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ што ќе се одржи во Прилеп од 12 до 19 јуни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



