| четврток, 6 декември 2018 |

Продолжен рокот за користење државно земјиште со насади со лешник

Zemjodelstvo109-lesnici-740x320-top
Со намера да ги стимулира земјоделците за подолгорочно производство на лешник, Владата на Република Македонија и Минстерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го продолжија рокот за користење насади со лешници на вкупно 70 години.

Станува збор за продолжување на рокот за дополнителни 40 години, бидејќи досега Законот дозволуваше 30 годишно користење на насадите со лешници.

Ова е една од последните измени и дополнувања на Законот за земјоделско земјиште, кои стапија во сила пред еден месец. Побарувачката на лешникот станува дефицитарен во домашната понуда, па за да се мотивираат актуелните производители, но и за да се појават нови, Владата ги подобри условите што наиде на добар одзив кај земјоделците.

Потврда за тоа е податокот дека веќе се поднесени неколку барања за продолжување на рокот за користење насади со лешници, а сите заинтереирани тоа ќе можат да го сторат до 12-ти јуни, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top