| четврток, 6 декември 2018 |

Родено првото бебе од ткиво замрзнато уште од детството

224411_beba-i-lekar02_fЕдна жена во Белгија е првата во светот која роди бебе преку трансплантирано ткиво на јајник кое било замрзнато уште кога била дете, изјавија лекарите.
На оваа 27 годишна девојка и е отстранет едниот јајник уште кога имала 13 години, пред почетокот на инвазивниот третман за лекување на т.н. српеста анемија.

Нејзиниот втор јајник престанал да функцонира по лекувањето, што значело и неможност за зачеток без трансплатација.

Стручњаците се надеваат дека таа процедура би можела да им помогне и на другите помлади пациентки.

Жената родила здраво момче во ноември 2014 година, а деталите за тој случај се објавени денес во весникот Human Reproduction.

На жената и е дијагностицирана српеста анемија кога имала пет години.

Таа емигрирала од Република Конго во Белгија, каде лекарите сметале дека нејзината болест е толку тешка што и е потребна трансплатавија на коскена срж со помош на ткивото на нејзиниот брат кое одговарало.

Пред пристапувањето кон трансплатација на коскена срж морала да подлегне на хемотерапија како би го онеспособиле нејзиниот имунолошки систем и да спречат да го отфрли надворешното тело.

Хемотерапијата може да ја уништи функцијата на јајниците, па и го отстраниле десниот јајник и ги замрзнале деловите од ткивата.Преостанатиот јајник престанал да функционира кога имала 15 години.

10 години подоцна таа одлучила дека сака дете, па лекарите зеле четири фрагменти од јајникот од преостанатиот јајник и 11 фрагменти од други локации во телото.

Пациентката природно затруднела во 27 година, откако спонтано добила месечен циклус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top