| четврток, 6 декември 2018 |

Познат идентитетот на загинатите во вчерашната сообраќајна незгода кај Куманово

zaginati
Исуф Асани, Ваљон Максути и Егзон Шабани се трите момчиња кои вчера трагично го загубија животот, паѓајќи од мост додека се движеле во правец од нас. Бедиње кон Куманово, објави локалниот портал Кумановски муабети.Асани и Максути доаѓаат од Куманово, додека Егзон Шабани живеел во с. Ваксинце. Загинатите се на возраст од 17 и 18 години, и биле ученици во Гимназијата ”Сами Фрашери”.
soobr

Сообраќајната несреќа се случи околу 17 часот, кај „Дедин Мост“ во близина на бензинската пумпа „Мак Петрол“, кога возачот на автомобил марка „БМВ“ со кумановски регистарски таблички што се движел од село Бедиње кон центарот на Куманово, додека бил на мост, изгубил контрола над возилото и излетал на автопатот.

soobr1
Автомобилот слетал директно пред цистерна која се движела по автопатот. За да избегне удар, возачот свртел нагло, по што цистерната се превртела и застанала на спротивната страна.
Возачот на цистерната, М.Т. (45) од Куманово поминал со лесни телесни повреди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top