После напорно поминати часови во теретана и пролиена пот, вашето тело се менува, но се менува и вашата гордост.
Најновите истражувања, објавени во „ Journal of Sexual Medicine“, покажуваат дека мажите што редовно вежбаат имаат подобра ерективна функција од мажите кои постојано седат.
Во студијата, се покажало дека мажите кои имале најмалку 18 часа метаболички еквивалент тренинг (МЕТ – мерење на активноста, земајќи го во предвид и траењето и интензитетот на тренингот) имаат поздрав пенис од мажите кои биле помалку активни.
За појаснување, трчањето во рок од еден час и поминувањето на 1600 метри за 10 минути, може да се изрази со 9.8 МЕТ часа, а кога два пати неделно би трчале со исто темпо, би имале повеќе од 18 МЕТ часови.
Не само тоа, авторката на студијата Адријана Видал вели дека е возможно мажите кои вежбаат да водат повеќе сметка за себе и своето тело од мажите кои се неактивни. Заклучно, мажите кои вежбаат поредовно посетуваат лекар, избегнуваат цигари, се хранат подобро и здраво, а сето ова се манифестира со подобро здравје и здрава ерекција.
И кревањето на тегови може да влијае на вашата ерекција. Вежбањето му помага на вашето тело да создава азот-моноксид, соединение кое ја помага еректилната функција, според Видал.
Од друга страна, мрзеливиот, нездрав начин на живот може да предизвика воспаление и да го намали протокот на крв, посебно до пенисот, што пак се разбира влијае на постигнувањето ерекција.
Просечната старост на мажите учесници во студијата била 63 години. Нејасно е дали младите мажи кои имаат и повеќе од 18 МЕТ часови активност можат да го зајакнат сексуалното здравје дури и повеќе од учесниците во студијата, но доколку одите неколку пати во теретана, тоа секако не може да е лошо по вашиот организам.
Извор: menshealth
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.