| четврток, 6 декември 2018 |

Јункер: Подобро да се сретнам со Латинскоамериканците отколку со Ципрас

junkerПретседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, изрази разочарување од активностите на грчката влада изјавувајќи пред еврокомесарите дека Грција веќе загубила еден сојузник од Комисијата, пишува грчкиот весник „Имерисија“.

Пред нив Јункер нагласил дека отстапките кои биле преземени од негова страна се потрошени бидејќи и тој бил подложен на притисок од останатите институции во врска со исполнувањето на обврските од страна на Атина.

Јункер изјавил пред еврокомесарите дека нема да присуствува на денешната средба во Брисел со грчкиот премиер Алексис Ципрас, ако на неа тој се однесува на истиот начин како и минатата недела.

– Подобро би било да се сретнам со Американците од Латинска Америка – изјавил Јункер.

Британскиот весник „Фајненшел тајмс“, исто така, пишува дека Грција загубила еден пријател во лицето на Јункер.

Незадоволството на претседателот на Европската комисија претставува продолжение на изјавата на германскиот министер за финансии, Волфганг Шојбле, кој пред пратеници од партијата на демохристијаните изјавил дека не може да слушнат за напредок на преговорите со Грција бидејќи ништо не се случува, пренесува весникот „Имерисија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top