Стоматолошка ординација, текстилна компанија и фирма за монтирање на електични инсталации, сопствениците на овие компаниии успешно ги искористиле и реализирале мерките за вработување, пишува Лидер.
Преку мерката за самовработување скопјанката Билјана Чоневска, специјалист по ортодонција, го реализирала својот животен сон. Откако една година безуспешно барала работа како стоматолог,одлучила да стане сам свој газда. Пред точно шест месеци со помош на активните мерки за вработување, Билјана ја отворила својата стоматолошка ординација во Козле. Таа вели вели дека државната помош била од непроценливо значење за да отпочне со својот бизнис.
-Ја користам мерката за самовработуање и плус дополнително мерка за вработување на дополнително лице, затоа што при отварање на стоматолошка ординација треба вработување во пар. Па така веќе шест месеци како е отворена ординацијата, сега за сега работи добро, има пациенти, претежно работиме со деца. Морам да кажам дека државната помош беше од непроценлива важност, тоа беше мотив идејата целосно да се реализира. Ние планиравме, но немавме доволно средства, па така овој грант ми помогна да го остварам мојот идеал, да работам како доктор, вели Билјана Чоневска, специјалист по ордотонција, магистар на стоматолошки науки.
Мерките од проектот “Македонија вработува“ се атрактивни и за останатите градови и компании. Од охридската текстилна компанија Алматекст, велат дека го зголемиле бројот на вработени, а планираат и дополнителни вработувања во иднина.
-Проектот “Македонија вработува“ е одличен за компаниите кои сакаат да ги зголемат вработувањата. Ние искористивме од проектот, вработиме пет вработени со различна структура и различни години. Имаме вработено жени кои имаат 57 години, така што во дадениот период ние имавме потреба и ја искористивме таа можност која ја имаше Владата понудено. Сега за сега во нашата компанија има 22 вработени, а во иднина планираме да го зголемиме овој број. Над 20 години работиме со лон систем и модна конфекција за извоз, вели Зорка Булоска од тексилната компанија Алматекст од Охрид.
Пред три години безуспешно барала работа и штипјанката Анита Коруноска. Откако за мерките за вработување се информирала преку медиумите и подрачната единица на Агенцијата за вработувања, таа со помош на грантот за самовработување, денеска е сопственик на компанија со пет вработени.
-Со грант средства во висина од 3000 евра јас оформив сопствена фирма за монтирање на електрична инсталација. За краток период се зголеми обемот на работата. Во моментов имам пет вработени, а сега планирам да аплицирам за уште 3 вработувања, а исто така сакам и дваца хонорарно да вработам. Можам да апелирам младите да не се плашат да ризикуваат, туку да ги прифатат можностите што им ги нуди државата, да ги стават своите идеи на хартија и да аплицираат во Агенцијата за вработување, бидејќи без ризик, нема ниту успех, вели Анита Коруновска, сопстеник на команија за осветлувачки елементи “Night vision“.
Невработеноста е на историски најниско ниво.
Последните статистички податоци покажуваат дека невработеноста е намалена на 27,3 проценти. Според најновите податоци на Државниот завод за статистика стапката бележи намалување за 1,1 процентен поен, ако се спореди првиот квартал годинава со истиот период лани. Бројот на вработени во првиот квартал од 2015 изнесува 697.248 лица и во однос на првиот квартал лани е зголемен за 10.971 лице, односно за 1,6%. Најновите податоци на статистика покажуваат дека стапката на вработеност изнесува 41,6% и во однос на четвртиот квартал од 2014 е зголемена за 0,1 процентен поен.
И покрај економската криза невработеноста во земјава од 38%, за една деценија е намалена за цели 10,7%
Статистиката покажува дека најголем број невработени или 166.414 се на возраст од 25 до 49 години. Најголемиот дел од вработените односно 540.669 се во приватниот сектор, а 156.579 се во друга сопственост. Најмногу вработуваат преработувачката индустрија и земјоделскиот сектор. Ваквите податоци покажуваат дека продолжува континуираниот тренд на пад на невработеноста, што е резултат на владините мерки, странските инвестиции и постојаното подобрување на бизнис климата.
Ставрески: Наш таргет е за три години невработеноста да се намали на 22 отсто
И покрај ситуацијата во која се наоѓа земјава на политички план, продолжува тенденцијата секој квартал да се намалува неврботеноста. Тоа е добро и верувам дека ќе продолжи и во иднина, при што нашиот таргет е да стигнеме до 22 отсто невработеност за период од три до три ипол години, вели вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески во интервју за МРТ.
-Секако добар е трендот на намалување на невработеноста, последните податоци до крајот на март покажуваат дека продолжува онаа добра тенденција секој квартал да се намалува неврботеноста, во услови кога во Европа таа има обратни движења. Истовремено се зголемува и бројот на вработени лица. Значи во последната година имаме околу 10.000 помалку невработени и околу 11.000 лица кои во меѓувреме се вработиле. Тоа е добар податок, за една година, во која во вториот квартал лани имавме избори, а во првиот квартал од оваа година има политичка нестабилност. Ваквите тенденции покажуваат дека приватниот сектор успева да создава работни места. Тоа е добро и верувам дека ќе продолжи и во иднина, при што нашиот таргет е да стигнеме до 22 отсто невработеност, вели вицепремиерот Ставрески.
Владините мерки и новите инвестиции придонесоа да се намали невработеноста
Секако, невработеноста не се намалува случајно. Тоа е резултат на политики на владата кои во основа се на два фронта. Првиот е да се креира добра бизнис клима и да се одржува истата со ниски даноци што привлекува странски инвеститори, а на домашните инвеститори им овозможува да ја прошират својата дејност и да отворат нови работни места. Креирани се преку 13 илјади работни места во слободните зони и десетици илјади работни места во домашните фирми. Од друга страна, и активните политики на владата како втор сегмент на решавање на проблемот со невработеноста се многу значајни, тука има голем број на пректи кои се спроведуваа изминатите години, пред се проектот за самовработување, новиот проект „Македонија вработува“ и многу други проекти кои Агенцијата за вработување ги спроведува, со цел кај таргетирани групи да се подобрат условите за нивно ангажирање во производниот процес. Само во проктот Македонија вработува за неполн месец се ангажирани над 1.600 лица и тоа во услови кога на некој начин сеуште има грч кај приватниот сектор заради актуелната политичка ситуација, така што преку тој проект верувам дека ќе стигмене до таргетот од 20 илјади вработувања, а и преку другите проекти и активни мерки дека ќе успееме да го надополниме она што од друга страна ќе се реализира преку економскиот раст и ангажманот на работници во домашните и во странските фирми, вели Ставрески.
Вчера од Владата информираа дека нови 400 бизниси ќе бидат финасирани од Владата со грант од по 201.000 денари во рамките на Оперативниот план за активни мерки за вработување преку Програмата за самовработување. За 32 најиновативни бизниси од нив ќе бидат доделени над 240.400 денари, а за оние 60 кои ќе докажат во нивниот бизнис план дека им е неопходно дополнително вработување за уште едно лице ќе им бидат доделени по уште 92.000 денари. На овој начин Владата активно работи на надминување на еден од најгорливите проблеми, а тоа е невработеноста, преку активна поддршка и нудење широк спектар на можности.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст