
Аква паркот, кој работи во склоп на спортскиот центар „Борис Трајковски“, денеска ќе биде отворен за посетители.
И оваа сезона посетителите ќе можат да користат некој од десетте тобогани, односно „бумеранг“, „спејс бал“, тобоганот со ноќни ефекти, базен со бранови, мрзлива река.
Аква паркот ќе работи секој ден од 10 до 20 часот, а за безбедноста на посетителите и годинава ќе се грижат 36 спасувачи од Црвен крст.
Билетот ќе чини 300 денари, а ќе се нуди и фамилијарен пакет за четири лица за 1.000 денари. Влезницата за деца под 13 години ќе биде 200 денари, а влезницата за деца под 4 години бесплатна. За групни посети над 30 лица ќе има попуст од 30 проценти.
Во рамки на аква паркот ќе работат и три кафулиња и еден ресторан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


