Селекторот на македонската фудбалска репрезентација до 18 години Горан Станиќ беше задоволен од играта на неговите избраници и покрај вчерашниот поразот од врсниците од Шведска, но побара да почне да се реализираат шансите.
– Задоволен сум од прикажаната игра. За жал теренската иницијатива не беше реализирана со погодок. Би сакал да истакнам дека од натпревар во натпревар имаме се помалку недостоци во нашата игра. Ни останува да корегираме уште мал дел од грешките. Сметам дека ќе почнеме да ги реализираме шансите, изјави Станиќ.
Македонија на пријателскиот дуел против Швеѓаните одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски” во комплексот „Куќа на фудбалот“ загуби минимално со 1:0.
„Црвено-жолтите“ ја имаа теренската инцијатива, а покрај нереализираниот пенал, не реализираа уште три убави шанси за гол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст