| четврток, 6 декември 2018 |

Вучиќ: Даночни олеснувања за граѓаните што ќе летуваат во Србија

ко

Граѓаните на Србија кои ќе летуваат во својата земја ќе може да сметаат на даночни олеснувања, изјави за „Блиц“ српскиот премир Александар Вучиќ.

Кампањата на српската влада ќе биде промовирана од премиерот Александар Вучиќ. Таа е под мотото „Моја Србија“ и има за цел заинтересираните домашни туристи барем дел од својот одмор да минат во татковината.

– Подготвуваме конкретни предлози врз основа на искуства на други држави. Идејата е граѓаните кои ќе го минат одморот во татковината да добијат ваучери со износи за кои ќе им бидат намалени даночните обврски. Граѓаните само ќе треба да приложат фискални сметки од објекти во Србија каде биле на одмор – изјави српскиот премиер.

Според неофицијални проценки српските туристи годишно во странство трошат околу 1,2 милијарди евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top