| четврток, 6 декември 2018 |

Што може да ви донесе откажувањето од шеќерот?

Откажувањето од шеќерот може да ви донесе големи придобивки, но за тоа ви е потребна силна волја и решителност.

Ова се петте придобивки кои таа ги почувствувала, а можеи и вие да ги имате ако се откажете од шеќерот:

cokoladni_mafini_aps_454575673

1. Ќе бидете поенергични

Најчесто кога се чувствуваме уморни посегнуваме по шолјата кафе со неколку лажички шеќер со надеж дека ќе си ја вратиме изгубената енергија.
Но тоа не е така, всушност шеќерот е тој што не прави да се чувствуваме хронично уморни.

Ја блокира способноста на телото да ја сочува резервната енергија. Ќе направи промени првите 15-тина минути, но потоа повторно се враќате во истата уморна состојба и се така во круг се додека не ја намалите консумацијата на шеќер или се одлучите целосно да го исфрлите од исхраната.


2. Вашата тежина ќе се стабилизира

Шеќерот ве наведува да консумирате повеќе шеќер. Создава хемиска зависност, го провоцира чувството на глад и ве тера на прејадување. По изеденото чоколадо за ужина веројатно се чувствувате уште погладни од кога било. Нели?


3. Вашите дигестивни органи подобро ќе ја извршуваат работата

Доколку вашите органи би можеле да ви кажат што им пречи, веројатно би ве замолиле да престанете да внесувате шеќер.

Него можете да го замените со здравите влакна кои ќе ги добивате од овошјето и зеленчукот. Вашиот организам ќе ви биде благодарен. Метаболизмот ќе се забрза и многу бргу ќе ви се обнови цревната микрофлора.


4. Ќе престанете да сакате благо

Тоа е факт. Шеќерот ве тера да сакате повеќе благо. Исклучете го од вашата дневна исхрана и ќе забележите по некое време дека веќе и немате толкава потреба од крофни и торти.

Никој не вели дека целосно ќе си замине потребата, но во секој случај ќе се намали.


5. Вашата кожа ќе изгледа поздраво

Хроничниот вишок на глукоза во крвта како резултат на тоа што го дехидрира организмот севкупно, ја дехидрира и кожата.

Ако се чудите зошто кожата ви е сува и покрај тоа што секојдневно користите креми и млека за тела, одговорот веројатно лежи во тоа што имате вишок на шеќер во крвта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top