| четврток, 6 декември 2018 |

ОН: Во судирите во Источна Украина се убиени повеќе од 6.450 луѓе

Обединетите нации денеска соопштија дека 6.454 луѓе се убиени и 16.146 се ранети во судирите во Источна Украина од април 2014 до 3 април 2015 година.

obedineti-nacii-600x360

– Повеќе од пет милиони луѓе имаат потреба од хуманитарна помош- изјави во Женева портпаролот на Канцеларијата за координација на хуманитарната помош на ОН (ОЦХА) Јенс Лаерке.

Судирите во Источна Украина последните денови се интензивираа, а двете страни меѓусебно се обвинуваат за кршење на примирјето постигнато во Минск.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top