Најдобрите 15 ученици од сите основни училишта од општина Аеродром од 14 до 20 јуни ќе го посетат Вандсворт во Лондон и ќе посетуваат настава во училиштето Брнтвуд.
– Трошоците за реализација на овој проект ќе ги покрива општина Аеродром. Учениците ќе бидат сместени кај семејствата на своите соученици. Децата ќе стекнат огромно искуство и нови пријателства, изјави градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коневски.
Според него, овој проект ќе ги мотивира сите ученици да остваруваат повисоки резултати во образованието. Изрази надеж дека овој проект ќе заврши успешно и оти ќе се реализира секоја година. Пред две години, појасни Коневски, преку проект на ЕУ, ученици од основното училиште од забратимената општина Вандсворт беа наши гости.
Амбасадорот на Велика Британија Чарлс Герет потенцира дека македонските ученици ќе имаат можност да го посетат училиштето Брнтвуд кое, како што рече, е одличен пример за разновидност и за инклузија.
– Потврда за ова има дадено и УНИЦЕФ, што е многу значајно. Во него има ученици кои доаѓаат од над 20 различни етнички групи, а вклучува и ученици и со различни посебни потреби, рече Герет.
Додаде дека учениците ќе се запознаат со британскиот образовен систем, со британската култура и да другаруваат со врсниците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст