| четврток, 6 декември 2018 |

Поштар од Гевгелија крадел од сограѓаните

Гевгелијската полиција поднесе кривична пријава против Б.Б.(44) од Гевгелија, поштар во АД „Македонска пошта“ подружница Гевгелија, поради постоење основано сомнение за сторени седум кривични дела „фалсификување или уништување на деловни книги“, четири кривични дела „послужување во службата“, две „проневера во службата“  и едно дело „затајување“.

postar

Во периодот од 2013 до јануари 2015 година, пријавениот во службените простории на поштата незаконски се послужувал и присвојувал парични средства од повеќе лица кои ги уплаќале паричните средства и тоа во два наврати од две лица во износ од 89.359 денари кои требало да ги уплати на нивните штедни книшки ги присвоил за себе, а потоа внел невистинити податоци во книшките.

Исто така, во повеќе наврати од други лица кои уплаќале парични средства за сметки паричните средства ги присвојувал за себе, притоа фалсификувајќи ги потписите во уплатниците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top