| четврток, 6 декември 2018 |

Ракометниот клуб Металург донира за манастирот „Трескавец“

Ракометниот клуб Металург информира дека средствата собрани од натпреварот против Вардар ПРО во рамките на СЕХА-лигата во ракомет ќе бидат донирани за возобновување на манастирот „Трескавец“, кој датира од 12 век, а изгоре на 4 февруари 2013 година.

– Со овој потег сакаме и ние како спортски колектив барем малку да придонесеме за враќање на сјајот на оваа наша културно-историска знаменитост – се вели во соопштението од ракометниот клуб Металург.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top