| четврток, 6 декември 2018 |

Во Диво Насеље се поправа водоводната мрежа

Во кумановската населба Тоде Мендол, каде што пред еден месец се одвиваше полициската акција за разбивање на вооружената терористичка група, од денеска се работи на замена на канализациската и водоводната мрежа.

Директорот на ЈП „Водовод“, Горан Стојковски информира дека средствата за овој проект се озбезбедни од Општината и од Министертвото за животна средина и просторно планирање, а изведувач е јавното претпријатие.
– Се надеваме дека за две недели ќе бидат завршени градежните работи на терен на улицата „Перо Илиевски“ – информираше Стојковски.
Жителите на ова населено место бараат од локалната самоуправа и од Владата да помогнат преку формирање тело за вадење на потребната документација, која ќе биде неопходна кога ќе завршат процедурите и кога ќе се почне со санацијата на оштетените објекти.
Посочуваат дека покрај од институциите, помош добивааат и од граѓаните.  Ги очекуваат официјалните информации од процените на штетите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top