Екипи на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот, МВР и другите младински организации и здруженија ќе формираат тимови што ќе ги посетуваат дискотеките, кафулињата и сите други места каде што младите најчесто се собираат и каде што се консумира алкохол.
Индикаторите за безбедност во сообраќајот на патиштата покажуваат дека традиционално, во летниот период бројот на загинати лица во сообраќајни незгоди бележи тренд на зголемување. Најчесто во тој период во сообраќајни незгоди страдаат млади лица, а главна причина за сообраќајните незгоди е алкохолот односно управување на моторно возило под дејство на алкохол, информираат од Републичкиот совет.
За таа цел, најавија кампања против употреба на алкохол на учесниците во сообраќајот насловена како „Вози трезен – стигни жив“. Оваа кампања ќе се реализира во текот на летниот период на територијата на цела Македонија и ќе се спроведува во соработка со Министерството за внатрешни работи и останатите партнери.
-Во рамките на кампањата „Вози трезен – стигни жив“ ќе бидат изработени голем број на сообраќајно едукативни материјали, летоци, плакати, налепници и ќе биде организирана нивна дистрибуција до сите млади. Имено од страна на РСБСП, МВР и на младински организации и здруженија ќе бидат формирани тимови кои ќе ги посетуваат дискотеките, кафулињата и сите останати места каде младите најчесто се собираат и каде се консумира алкохол. При овие посети покрај тоа што ќе бидат поделени сообраќајно едукативни материјали, доброволно ќе бидат правени алкотестови при што во зависност од резултатите ќе биде доделуван црвен или зелен картон. Целта на оваа акција е преку непосредна комуникација и разговор да им се укаже на младите за опасноста од консумирање алкохол и управување моторно возило под дејство на алкохол – најавија од РСБСП.
Анализата на статистичките податоци влева надеж. Констатирано е дека безбедноста во сообраќајот ан патиштата во Република Македонија бележи тренд на подобрување.Имено, и покрај контунираниот раст на бројот на возила, бројот на возачи и поминати километри, бројот на загинати во сообраќајни несреќи континуирано се намалува.
Во текот на 2013 година 198 лица го загубиле животот во сообраќајни незгоди, во 2014 година 124 лица, односно бројот на загинати во сообраќајни незгоди е намален за 37 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст