| четврток, 6 декември 2018 |

Резил: Македонска пејачка барала пари за настап на хуманитарен концерт

Популарен српски пејач и македонска музичка ѕвезда предизвикаа скандал кога од организаторите на хуманитарен концерт побарале хонорар за да пеат 45 минути во добротворни цели.

Како што пренесува „Блиц“, продукциска куќа, која нема многу искуство во организирање концерти, одлучила да помогне на болен човек со организирање концерт со кој би се привлекле што поголем број присутни за да се соберат што е можно повеќе средства за помош.

– Шест ѕвезди прифатија да пеат, а се шокиравме кога популарниот српски пејач и една македонска пејачка побараа хонорар! Никогаш во историјата на организирање вакви настани тоа не се случило – велат за „Блиц“.

Продукцијата ги одбила нивните барања бидејќи бараните хонорари биле огромни.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top