Групацијата Исламска држава сѐ повеќе се приближува кон Западна Европа, пишува германски „Велт“.
Според информациите на „Велт“ кои ги добил од безбедносните кругови, Западен Балкан станал некој вид „влезна врата“ за исламистичките борци, пренесува „Дојче веле“.
– Германската тајна служба веќе неколку месеци го забележува трендот дека исламистите на Балканот формираат мрежа со цел да ги прошверцуваат борците во воените подрачја – пишува весникот.
– Салафистичките проповедници во Косово, во Босна и Херцеговина, Албанија и во Македонија на големо регрутираат борци за судирите во Сирија и во северен Ирак. Само од Косово во тие кризни региони заминале повеќе од 250 лица, а во споредба со бројот на жителите Косово е рекордер во Европа.
Според весникот регионот важи за омилена транзитна рута на џихадистичките борци. Тој е своевидна меѓустаница за исламистите од Германија, Франција, Белгија, Австрија и Холандија кога заминуваат на боиштата на Блискиот Исток. – Тргнуваме од тоа дека таму се врши некој вид обука на џихадистите – изјави еден претставник на безбедносните служби, пишува „Велт“.
Исто така, балканските земји повеќе не се користат само за регрутирање на борци, тие стануваат место во кое борците од боиштата се враќаат и на кои можеби се подготвуваат терористички напади, нагласува „Велт“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хорор куќа на Балканот која ги „убила“ сите сопственици
-
Македонец подготвувал терористички напад во името на Исламската држава во Италија
-
Невреме над Балканот, девојче загина од удар на гром
-
Возачите на Балканот во паника: Пристига новиот радар со кој полицијата ќе може освен брзината, да детектира и дали зборувате на телефон!