| четврток, 6 декември 2018 |

Стопроцентното обесштетување ќе ги спаси земјоделците

– Одиме со останатите општини, се завршува општина Могила, а понатаму одиме во Пелагонискиот регион, општина Битола, продолжуваме понатаму со другите општини кои беа зафатени со поплавите. Остануваат уште 17 општини и Комисиите што се формирани од страна на Владата, имаат за цел да ја растоварат административната постапка на погодените од поплавите – на земјоделците кои што вообичаено би требало да ги пријавуваат повторно постапките, бидејќи одиме со исплата на штета од страна на МЗШВ преку програмата за Финансиска поддршка, односно преку Платежната агенција и на овој начин да има “чиста“ документација пред да биде доставена во Платежната агенција, за да можат да бидат исплатени оние кои што се погодени од поплавите и се од земјоделскиот сектор. Посебно нешто што сакам да го истакнам е тоа дека во последните 40 години два пати се имаат случено вакви временски непогоди. Втората се случи токму оваа година на крајот од јануари и почетокот на февруари, па понатаму во Пелагонискиот регион имавме втор удар во месец март. Затоа Владата донесе одлука, поради оваа непогода што ги снајде земјоделците, да ги обештети во 100 насто износ, каде што не беше случај во изминатите години каде што се ислаќаа штети и каде што проценетата штета се исплаќаше од 15 до 25 отсто. Ние одлучивме оваа година да биде тоа во 100 % што за таа цел ги сменивме потребните акти, Законот за земјоделство и рурален развој понатаму Уредбите кои што ги регулираат овие односи и Програмата за финансиска поддршка -вели заменик министерот за земјоделство Ванчо Костадиновски.

Oбесштетување: 12 милиони евра директна поддршка и 10 милиони евра од ЕУ за инфраструктурa

-Обесштетувањето е во износ од 100 отсто од настанатата штета, односно колку што проценителите процениле и утврдиле дека имало штета толку ќе им биде исплатено на луѓето. Според пресметките на надлежните институции,одвоени се 12 милиони евра за дирекна поддршка и истовремено, Владата со поддршка од ЕУ обезбеди средства во висина од 10 милиони евра и за обнова на оштетената инфраструктура: патиштата, водоводните системи, малите брани – вели Костадиновски.

Во иднина земјоделците во поголем број да го осигураат родот

– Сакам посебно да истакнам дека ова може нема да биде случај за годините што следуваат, бидејќи земјоделците ќе можат да ги искористат мерките од Програмата за субвенции, каде што ги повикуваме да обезбедат полиси за осигурување, да го осигураат сопствениот род, за да можат да бидат обештетени од страна на осигурителните компании во случај на вакви непогоди, бидејќи од државниот буџет од програмата за субвенции се обезбедуваат 60 % од полисата за осигурување, од трошоците за осигурување на земјоделскиот род. Ние ги повикуваме јавно, еве при различни посети и на терен, кога одиме, како одговорна Влада ги посетуваме и дискутираме и ние ја земавме обврската да дискутираме преку Агенцијата за супервизија ја осигуривањето и осигурителните компании кои веќе ги промовираат своите продукти, односно полиси за осигурување во земјоделството, да пристапат кон обезбедување на полиси, што значи дека проценлката треба да биде реална, ние инсистираме да се прави реална проценка на приносот од културите кои ги засадуваат земјоделците, да излегуваат побрзо од настанување на штетата,и да има реална проценка на штетите – вели Костадиновски.

Новини во осигурувањето!

што се однесува до сточарството во оваа прилика сакам да стакнам дека подготвуваме мерка за вкучување на сточарството во програмата за субвенционирање на полисите за осигуирување вио делот на земјоделството, посебно за оние кои се замимаваат со сточарстко производство како што не беше случај до сега. знали сакам да искатнам дека осигуривањето во значлителна мера ќе обезбеди надоместување на штетоте настани од непогоди и од било кои ризици затоа влегуваме во период кога Р. Македонија ќе биде на удар на климатските промени и мораме да се подготвиме, затоа ги информираме земјоделците преку агенцијата за развој на земјоделствотио, дирекно им се објаснува на земјоделците,да го осигураат родот преку осигурителните компании

Земјоделците задоволни од обесштетувањето

-Вреди таа помош, пари ни требаат за сите работи во земјоделието. Нафта, вештачко ѓубре, моментално и за закаснетото садење на пипер, тутун, тие пари ни се добредојдени.

-Отежната е малку пролетната сеидби ама ќе се сработи. Парите ќе ни се најдат за отежнатата сеидба и за нови прихрани, нови прскања.

-Парите што ги добивме ќе ги намениме за прeхрана на почвата, за да добиеме подобар род – изјавија вчера земјоделците од Могила.

Претставници од речиси сите земјоделски здруженија по средбата со премиерот Груевски во петокот, кога и стартуваше обештетувањето на земјоделците, изразија задоволност од оваа мерка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top