| четврток, 6 декември 2018 |

Загина 21-годишно момче во сообраќајка во Скопје

Вчера попладне околу 16,00 часот,на раскрсницата од улиците „Методија Андонов Ченто“, „Палмиро Тољати“ и „Среќко Пужалка“ во Скопје, се случи сообраќајна незгода помеѓу „опел“ управувано од Б.М.(47) од Скопје и моторцикл, управуван од Еркан Б.(21) од Скопје.

Во незгодата Еркан бил повреден и пренесен во Градска општа болница во Скопје, каде 19,30 часот им подлегнал на повредите.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top