Бугарија ќе бара квотите за прием на имигранти што ги предложи Европската комисија да бидат усогласени со можностите и геогрфската положба на земјите и да бидат намалени за државите кои имаат надворешни граници на ЕУ и се изложени на силен миграциски притисок, соопшти денеска бугарската Влада.
Како што јави БТА, ваквиот бугарски став ќе биде презентиран на средбата на министирте за внатрешни работи и за правда на земјите-членки на ЕУ, што ќе се одржи на 15 и 16 јуни во Луксембург.
Европската комисија на 27 мај објави план за релокација на 40.000 илегални имигранти од Италија и Грција во соодветни квоти во секоја од земјите-членки на ЕУ. Според овој план, Бугарија треба да прими 572 имигранти.
Покрај ова, предвидено е во следните две години земјите-члекина ЕУ на доброволна основа да прифатат уште 20.000 имигранти, при што Бугарија би требала да згрижи уште 216 лица.
Според бугарската Влада, вака одредените квоти за прераспрделба на имигрантите се несоодветни, бидејќи не се земени предвид специфичностите на одделни држави.
– Бугарија ги поздравува предлозите на Еврокомисијата во врска со шверцот на имигранти и повикува на насочување на надворешно-политичките напори кон државите-извори на мигрантите- се наведува во соопштението на бугарската Влада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.