| четврток, 6 декември 2018 |

Допири по кои мечтеат мажите

допири

Конечно  сами, вие и вашиот сакан. Вечер посветена само на него. Покажете му дека доволно добро го познавате неговото тело со тоа што ќе се концентрирате на неговите најзапоставени места со нервни завршетоци.

Но кои се тие?

Вилицата
Најчесто се сретнуваме со вилицата, а сепак најмалку и придаваме внимание. Затоа нежно поминете со прстите по линијата на вилицата. Ќе ги стимулирате нежните нервни завршетоци на лицето. Потоа можете нежно да го фатите за тој дел од главата, интензивно да го гледате во очите пред страсно да го бакнете.

Подлактница
Во пределот на подлактницата има две места кои се создадени за задоволство. Едниот од нив е горниот дел и долниот дел од подлактницата. Лесно ставете ги прстите на горниот дел и полека поминувајте преку целата површина на подлактницата освен врз коската. Истото сторете го и со долниот дел од подлактницата. Откако ќе се опушти ќе сака уште.

Внатрешната страна на нозете
Многу малку жени експериментираат во овие делови па затоа партнерот може да се зачуди, но ќе биде среќен што ќе се симнете таму доле. Започнете да ги масирате внатрешниот дел од бутините, па откако ќе се опушти започнете да ги бакнувате и лижете овие делови. Ќе му помогнете да доживее полесна и поголема ерекција.

Долниот дел од грбот
Овој дел е најзапоставен од сите набројани затоа што мажите се доста чувствителни за нивниот задник, но се опуштаат при добра масажа. Објаснете му дека нема да правите ништо невообичаено и започнете со масажата. Започнете од долниот дел на грбот па се до почетокот на рбетот во близина на задникот. Кога ќе стигнете до крајот, продолжете кон страните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top