Некои луѓе под средниот и домалиот прст имаат мала свиткана линија. Овој мал лак може да биде и затворен во крукче, а некои луѓе може да имаат и две помали линии. Таа се вика Венерин круг или љубовен појас.
Не се разочарувајте ако ја немате на вашата дланка, затоа што таа линија ги обележува луѓето кои се чувствителни, односно оние кои се склони кон љубовни проблеми. Ако Венериниот круг е затворен, односно во форма на круг, тоа значи дека личноста која ја има на дланката ќе доживее големо разочарување во љубовта.
Затоа доколку го имате овој круг, најдобро е разочарувањата во врските да не ги сфаќате фатално, туку само како лекција. Доколку пак линијата е во форма на полукруг, тоа значи дека таа личност во еден момент ќе има проблеми во љубовта, но успешно ќе ги преброди и ќе продолжи.
Доколку пак на дланката имате повеќе полукружни линии, една под друга, тоа значи дека таа личност е премногу емотивна и чувствителна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.