| четврток, 6 декември 2018 |

Цветков: Ќе се превземат сите мерки за успешен откуп на пченицата

пценица

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе ги превземе сите мерки за успешна реализација на претстојниот откуп на пченицата во интерес на земјоделците и на мелничката индустрија.

Ова денеска го истакнал министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков на состанок со претставници на земјоделските здруженија и мелничката индустрија.

На состанокот, како што соопшти МЗШВ, беше разговарано за моменталната состојба и за очекуваното производство на пченица.

Според министерот Цветков се очекува оваа година да има помали количества на пченица која поради неповолните климатски услови е засеана на помали површини односно на околу 70.000 хектари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top