| четврток, 6 декември 2018 |

Пиперката куртовска капија ќе се откупува за 22 денари

 

капија

На денешниот состанок во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) меѓу земјоделски здруженија и асоцијации, земјоделски задруги и претставници на Македонската асоцијација на преработувачи-МАП беше договорена откупната цената за најзастапената пиперка за индустриска преработка, куртовската капија, соопшти МЗШВ.

Куртовска капија од прва класа, членките на МАП и градинарите, се согласиле да  се  откупува по 22 денари за килограм. Мешаната прва и втора класа  по 18,а втората класа по 13 денари за килограм.

Според министерот за  земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков се очекува понудените цени да ги мотивира земјоделците да потпишат договори со преработувачите и да го решат долгогодишниот проблем, односно да обезбедат сигурен пласман на своите производи.

Во договорите детално биле опишани класите и мерилата за квалитет по кои треба да се врши откупот, а доколку се појави проблем во проценката на класите, министерот Цветков истакнал дека незадоволната страна може да се обрати до Државниот инспекторат за земјоделство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top