| четврток, 6 декември 2018 |

Донбас е под контрола на над 42.500 милитанти

донбас

На „окупираните територии“ во Донбас се стационирани над 42.500 терористи и руски војници, изјави денеска украинскиот министер за одбрана Степан Полторак на средбата на Интерпарламентарниот совет Украина-НАТО.

– Во моментов заедничкиот контингент на руските Вооружени сили и илегалните вооружени единици стационирани на времено окупираните територии во Доњецк и Луганск брои над 42.500 луѓе- рече Полторак.

Според него, како што јави Укринформ, бројот на нападите што ги извршиле проруските сепаратисти во текот на мај е двојно поголемен во споредба со април.

– Во исто време Русија има распоредено свои сили долж границата со Украина… Нивниот вкупен број изнесува околу 55.000 војници и околу 3.700 парчиња тешко оружје и возила, додаде Полторак

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top