| четврток, 6 декември 2018 |

Во штипската градинка „Астибо“ 24 волонтери ќе добијат решенија за вработување

градинка
Во детската градинка „Астибо“ во Штип во тек е постапката за трансформација на работниот однос на хонорарно вработените лица. Директорот Илија Митров вели дека со овој закон кој го донесе Владата, решенија на неопределено ќе добијат вкупно 24 лица.Застојот во постапката настанал бидејќи две хонорарно анагажирани лица останале на породилно боледување.

– Ги уредивме нивните документи и ги вметнавме во тие три табели според Законот и во секој момент во текот на овој месец очекуваме реализација на првата група за трансформации на работниот однос- вели Митров.

Тој рече дека се во контакт со министерствата за труд и социјална политика и за финансии и во најбрз можен рок ги очекуваат и првите решенија за лицата кои досега беа волонтерски ангажирани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top