Во насока на безусловна поддршка на македонскиот ракомет, позитивните придобивки кои произлегуваат од раната едукација, подигнување на свеста за спортувањето и здравиот начин на живот кај младата популација, „Алкалоид“ без двоумење реши да стане дел од проектот ракометен камп „Кирил Лазаров 7“, сметајќи го за еден исклучително значаен општествено-одговорен подвиг.
Покрај ефектите кои би биле видливи на краток рок, како што е едукацијата на младите за правилно користење на слободното време и многубројните бенефити од спортувањето, вложувањето на личниот авторитет на еден од најафирмираните македонски спортисти, Кирил Лазаров, ќе резултира и со долгорочни придобивки од типот на селекција на таленти и создавање квалитетна база на идни ракометари кои еден ден ќе ги бранат боите на Македонија, по примерот на нивните претходници.
– Спортот како институција и универзален феномен има голема улога во секое модерно општество. Во својство на Претседател на Ракометната федерација на Македонија и генерален директор на „Алкалоид АД Скопје“ сакам да истакнам дека грижата за здравјето, здравиот развој на младите генерации и придонесот кој ракометниот камп може да го даде во насока на поставување на цврсти темели за развој на националниот спорт број 1., беа едни од основните постулати поради кои ја дадовме поддршката на овој значаен проект. Познавајќи го капитенот, неговата посветеност на овој спорт и неговите максимални заложби за постигнување што подобри резултати во секој потфат на македонскиот сениорски тим, не се сомневам дека овој проект ќе биде навистина успешен – истакнува генералниот директор на Алкалоид Живко Мукаетов.
„Алкалоид АД Скопје“ е долгогодишен партнер на македонското здравство и македонскиот спорт. Логото на компанијата и нејзиното мото „Здравјето пред сѐ“ се присутни на дресовите на македонските национални репрезентации, разни едукативни собири од сферата на здравството, разни културни и спортски настани кои на своевиден начин придонесуваат во промовирањето на здравјето на луѓето и позитивните општествени вредности. Компанијата стои и ќе застане зад сè што е најдобро од Македонија.
Спортски поздрав,
КМГ Спорт
Агенција за спортски маркетинг, консалтинг и менаџмент
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Алкалоид преку хуманитарен пикник донираше над милион и 50 илјади денари за Здружението „Животот со предизвици“
-
„Алкалоид“ со раст на консолидираниот извоз, нето добивка, инвестиции и 105 нови вработувања
-
„Алкалоид“ со позитивни финансиски резултати во 2017 година
-
„Алкалоид АД“ годинава со 9 отсто поголема добивка од лани и 92 нови вработувања за девет месеци