| четврток, 6 декември 2018 |

Сообраќајка на улицата Јордан Мијалков

policija-2

Центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје ги известува сите учесници во сообраќајот дека пред малку, на улицата Јордан Мијалков, веднаш по крстосницата со булеварот Мајка Тереза во насока кон булеварот Македонија, во средната сообраќајна лента се случи сообраќајна незгода па оттука протокот на возилата што се движат по улицата во овој правец се одвива бавно и отежнато. Центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје, апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и на оваа делница да ја прилагодат брзината на движење според условите на патот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top