Осумнаесет мигранти се откриени во саботата во 20.30 часот во вагон на товарен воз што сообраќал на релација од Солун до австрискиот град Ламбах, соопшти МВР. Мигрантите биле на возраст од 15 до 36 години, а со нив имало и едно седумгодишно дете. Седумнаесет од нив биле од Авганистан, а еден од Ирак.
При извршување на засиленото обезбедување на државната граница од напливот на илегални мигранти од африканските и азиските земји, на 6 јуни 2015 година, во 20.30 часот од страна на патролен тим од ПС за ГН и ГП „Богородица“ се откриени 18 лица, илегални емигранти сокриени во еден од вагоните на кој беше товарена камионска приколка. Возот се обраќал на релација од Солун, Грција до Ламбах, Австрија.
Во присуство на полициски службеници на железничкиот премин „Богородица“, цариник и работници од Македонски железници, вагоните се отворени и во еден од нив се откриени илегални мигранти од кои 17 авганистански државјани на возраст од 15 до 36 години, а со нив имало и едно седумгодишно дете, како и еден државјанин на Ирак на возраст од 33 години.
Во раговорот со нив е откриено дека немале организатор и по кажување на неколкумина, тие незабележано влегле во приколката додека сè уште се товарала и вратите биле отворени.
Од Македонски железници не е констатирана штета и недостиг на стоката што била во приколката.
Лицата, илегални мигранти со протоколарен лист ќе бидат предадени на ПС „Евзони“, Грција, во утринските часови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти



