| четврток, 6 декември 2018 |

Јоко Оно обзнани интимна романса со Хилари Клинтон

yoko ono hillaryЈоко Оно, вдовица на легендарниот член на „Битлси“ Џон Ленон, ги изненади новинарите кога изјави дека ја познава „многу интимно“ Хилари Клинтон во 70-тите години на минатиот век. Таа ја коментираше можноста Клинтон да стане прва претседателка на САД.

– Ние се запознавме во Њујорк, во текот на протестите против војната во Виетнам. Станавме многу интимни затоа што споделуваме исти вредности за сексуалната еднаквост и борбата против машката доминација и патријархот во општеството. Имавме кратка романса во времето додека живеев со Џон на Менхетен, а Хилари студираше на Универзитетот во Јеил, но со текот на времето го изгубивме контактот- рече Оно и додаде дека „позитивно е изненадена“ со успехот кој го постигнала Клинтон.

На крајот таа истакна дека евентуалната победа на Хилари Клинтон на американските претседателски избори ќе значи „голем напредок за ЛГБТ заедницата и женските права во оваа земја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top