| четврток, 6 декември 2018 |

Луфтханза ќе ги врати телата на жртвите од несреќата во Алпите на семејствата

lufthansa plane crashГерманската авио-компанија „Луфтханза“ до крајот на овој месец на семејствата ќе им ги врати телата на сите жртви од авионската несреќа што се случи во март во Алпите, изјави генералниот директор на „Луфтханза“, Карстен Шпор, пред новинарите на самитот на Меѓународната асоцијација за воздушен сообраќај во Мајами.

-Ние во текот на јуни или што побрзо можеме ќе ги вратиме телата на сите жртви кај семејствата. Првите 30 тела на 9 јуни со авион на „Луфтханза“ ќе бидат префрлени од Марсеј во Диселдорф, рече вчера Шпор, пренесе „Спутњик“.

Авионот „Ербас А320“ на нискобуџетната фирма ќерка на „Луфтханза“ – „Германвингс“ на 24 март се урна во француските Алпи. Сите 150 патници и членови на екипажот погинаа.

Врз основа на информациите добиени од црните кутии се заклучи дека копилотот Андреас Лубиц намерно го урнал авионот откако се заклучил во кокпитот и не го пуштил пилотот да влезе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top