Лажни изнајмувачи на апартмани кружат на интернет
Ако сместувањето во Хрватска го плаќате по пат на популарните букинг портали бидете внимателни, бидејќи се повеќе изнајмувачи ги виделе сопствените апартмани на неколку портали и тоа под лажно име. Забележани се и неколку случаи каде гостите дошле до апартман кој однапред го платиле на измамник, а не на изнајмувачот.
Ермано Першиќ од Брсеќа непријатно се изненадил кога огласот за својот апартман го нашол на неколку други интернет страници под друго име.
– Идентични фотографии, идентичен текст. Фотографиите кои јас ги снимав, текстот кој јас го напишав, цените кои сам ги ставив – рече Першиќ.
Крадат и лични податоци на изнајмувачот
Слични случаи се забележани речиси во сите жупании, а во Новаље изнајмувачи доживеаја туристите да им дојдат на врата, иако со нив ништо не се договориле.
– На некои се случило, а некои изнајмувачи неколку дена однапред гостите ги контактирале и изнајмувачите им одговориле – ние не знаеме ништо за вас, ние не сме ве контактирале – рече Домагој Вртодушиќ, претседател на Здружението на изнајмувачи на градот Новаље.
Покрај лажираните профили и кражба на фотографии, искусните сајбер криминалци од изнајмувачите ги крадат и личните податоци, преправајќи се дека се гости. Често се преставуваат и како администратори на букинг портали со кои соработуваат изнајмувачите.
Пријавете ги сомнителните профили
Изнајмувачите така забележале дека лице под име Вјеран Краљ поставува десетици лажни огласи на неколку портали. За помош ја замолиле и Хрватската туристичка заедница.
– Она што ние го преземавме е дека веднаш ги известивме најголемите портали кои се занимаваат со онлајн букинг, да обрнат внимание на тие кои нудат сместување и да побараат дополнителна проверка – рече Ратомир Ивичиќ, директор на Хрватската туристичка заедница, за РТЛ.
Изнајмувачите пак се повикуваат сите сомнителни профили веднаш да ги пријават на полиција и дополнително да внимаваат кој од нив бара податоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст