Македонската ракометна репрезентативка Робертина Мечевска без сомнение е една вистинска херојска приказна на модерното време. Хероина во буквална смисла на зборот која пред четири месеци, по несаканиот инцидент, се соочуваше со смртта, а денеска веќе е освојувач на највисокиот врв на планината Јабланица, Црн Камен.
Со група планинари Мечевска денеска се искачи повторно на еден од македонските врвови, како некогаш со ракометната селекција, притоа споедлувајќи и фотографии на својот профил на „Фејсбук“.
„Пред неполни четири месеци не се знаеше дали ќе преживеам, а денеска заедно со мојот брат и група планинари го искачивме Црн Камен, највисокиот врв на Јабланица. Ти благодарам, Господе што си секогаш со мене…“, напиша Мечевска на својот профил на „Фејсбук“.

Извор: ЕКИПА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


