| четврток, 6 декември 2018 |

Во Европа ќе дојде американското нуклеарно оружје?!

33.si
Американското нуклеарно оружје би можело да биде сместено во Европа – изјавил британскиот министер за надворешни 2работи Филип Хамонд во интервју за Би-би-си.

-Тоа е одлука која ќе ја донесеме заедно ако таков предлог се најде на масата. Ќе ги измериме предностите и маните и ќе донесеме заклучок- рекол Хамонд, и објаснил дека се загрижени поради активностите на руската војска и сепаратистичките сили во Украина.

-На Русија треба да ѝ се испрати јасен сигнал дека нема да дозволиме да ја преминат нашата црвена линија – кажал Хамонд, а на прашањето дали смета дека прифаќањето на американските нуклеарки би бил таков сигнал тој одговорил: Би можел да биде, но тоа мора да се изведе многу деликатно.

Хамонд напомнал и дека тоа сигурно нема да се случи во блиска иднина. Тој објаснил дека Русија во моментов „има чувство дека е опколена и под напад“, па поради тоа, според него, никој не е склон кон „непотребни провокации“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top