| четврток, 6 декември 2018 |

Познат добитникот на наградата од Твитер конкурсот за претстојните 52. Рацинови средби

twitter-icon

Конкурсот „Напиши љубов во 140 карактери“ кој поетската манифестација „Рацинови средби“ за првпат го распиша за корисниците на твитер социјалната мрежа денеска заврши.

Како што информира за медиумите директорот на „Рациновите средби“ Васил Зафирчев од огромниот број пораки кои стигнале на официјалниот твитер профил на манифестацијата, стручната жири комисија одлучила добитник на наградата за најубава твитер љубовна порака да биде Рамадан Рамадани.

– Наградата на Рамадани ќе му биде доделена на свеченото отворање на 52. Рацинови среби во Велес на 11 јуни, информира Зафирчев.

Наградената порака на Рамадани е „Мина ти, се одминавме ние, заминав јас. Минато, но не’ ни помина.Таму сме сеуште чекајќи ја иднината“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top