| четврток, 6 декември 2018 |

Знаци кои покажуваат дека сте вистинската за него

ljubov
Доколку ги препознавате овие сигнали кај вашиот партнер, бидете сигурни дека вие сте вистинската за него.

Ве гледа како да освоил лотарија – дури и кога сте во најлошото светло, тој сепак го има оној поглед што кажува многу.
Го користи секој момент да ве бакне – без разлика дали сте сами или во јавност.
Сака да сте дел од сите негови планови – што и да прави, ве вклучува и вас во сите планови.
Тој сака да го слушне вашето мислење – и покажува почит кон вашите размислувања и совети.
Можете да разговарате за што било – понекогаш се чувствувате како да сте најдобри пријатели, и тоа е одлично.
Ви се доверува – во вас чувствува голема доверба и ви кажува работи што никому не ги кажал.
Без разлика на сѐ, ве прави среќна – дури и ако е уморен или зафатен, сепак ќе најде време за да ги исполни вашите барања и желби.
Го препознавте ли вашиот партнер во овие карактеристики? Да? Тогаш бидете сигурни дека вие сте вистинската девојка за него, со која тој дефинитивно сака да изгради заеднички живот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top