| четврток, 6 декември 2018 |

Двајцата директори на „Дојче Банк“ поднесоа оставки

deutsche-bank

Двајцата генерални директори на најголемата германска банка, „Дојче Банк“, Јирген Фичен и Аншу Џајн, поднесоа оставки на функциите, јави ДПА.

Во соопштението на банката се посочува дека Џаjн ќе ја напушти директорската функција на 30 овој месец, додека Фичен ќе остане директор до 19 мај идната година.

За нов генерален директор на „Дојче Банк“ на местото на Џајн ќе биде именуван Јохан Крајн, поранешен раководител на Финансиската дирекција на швајцарската банка УБС.

Фичен и Џајн го презедоа раководењето со „Дојче Банк“ во 2012 година, по оставката на Јозеф Акерман.

Според информациите на „Фајненшал Тајмс“, по напуштањето на директорските функции, Фичен и Џајн ќе останат да работат во „Дојче Банк“ како консултанти.

Причините за оставките на Фичен и Џајн не се посочени, но германските медиуми наведуваат дека тие најверојатно се поврзани со внатрешната истрага што ја започна „Дојче Банк“ во врска со сомнежите за перење на пари преку инвестиции во Русија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top