Тепачка изби денеска при преборјување на гласачките ливчиња на Турците од дијаспората, кои гласаа на парламентарните избори во Турција, јави БТА.
Тепачката, при која биле разменети удари со тупаници и клоци, се случила во зградата на Трговско-индустриската комора во Анкара, каде што се пребројуваат гласачките ливчиња, при што дел од нив завршиле во канта за отпадоци.
За смирување на тензиите интервенирала и полицијата, која привела дел од учесниците во тепачката.
Од гласачките ливчиња на Турците од дијаспората, најголемиот дел пристигнале од Минхен и Хановер. За пребројување на гласовите на Турците од дијаспирата се ангажирани околу 7.000 лица.
Инаку, гласањето на денешните парламентрани избори во Турција заврши во 17 часот по локално време (16 часот по средноевропско време). Првите резултати од изборите се очекуваат вчерва.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


