| четврток, 6 декември 2018 |

Димитров: „Амстердамската тројка“ на чекор до новата влада

Nikola Dimitrov

Првата виолина на „Амстердамската тројка“ Никола Димитров изјави дека оваа реформаторска струја околу ВМРО-ДПМНЕ е се’ поблиску до новата влада (околу а не во, бидејќи ниту еден од тројцата не е член на ВМРО-ДПМНЕ).

Покрај Димитров во „Амстердамската тројка“ членуваат и Перо Димшоски и Владимир Лазаревик, исто така големи љубители на спроведување на реформи во партијата во која не се членови.

Откако на почетокот на политичката криза сосема спонтано тројцата се сретнаа во Амстердам и одлучија да демонстрираат политичка одговорност првенствено позирајќи на плоштад во Амстердаам со загрижени фаци, подоцна и со гостување по разни емисии повикувајќи се на релевантност поради функциите кои ги извршувале во некоја од владите на Груевски, финалето беше со гостувањето на Димитров на митингот на опозицијата на 17-ти мај (или спонтаниот собир на граѓаните загрижени за Македонија, како ви одговара повеќе).

Денес, месеци откако тројката Димитров-Димшоски-Лазаревик ја искажаа својата загриженост за Македонија, конечно новата влада на Македонија е се поблиску до нив.

„Нашиот труд вроди со плод, нашата загриженост со реализација. Нашите зборови со дејство, нашиот минат труд и реноме со издејствување промени. Македонијо, ние сме многу поблиску до новата Влада! Сите претходни влади беа договарани во Скопје, а новата ќе се договара во Брисел кој е многу поблиску до Амстердам во споредба со главниот град на Македонија. Сметаме дека ова е намерен таен гест на Ервопската Унија да го постави своето седиште токму во близина на местото каде се формираше реформаторската загрижена Амстердамска Тројка. Очекуваме деновиве да бидеме консултирани и за составот на новата влада“, напиша Димитров на својот профил на една социјална мрежа.

Тој, Димшоски и Лазаревик неофицијално се подготвени и да се зачленат во ВМРО-ДПМНЕ доколку е потребно за барем еден од нив да биде премиер на Македонија – ако не може веќе тројцата заедно да владеат на амстердамски начин.
Кромиди Запад

***  Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.  

Кроимиди Запад

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top