| четврток, 6 декември 2018 |

Буфон сака уште три години да брани во Јувентус

bufon
Капитенот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон сака да остане во Јувентус уште три години, за да успее да ги оствари своите цели во кариератата.

Една од нив е освојување на Лигата на шампионите, достигнување до кое Буфон беше на само еден чекор, но Барселона синоќа не му дозволи да го подигне трофејот.

– Сакам да одиграм уште три сезони на ова ниво како би исполнил уште некој сон. Во елитното натпреварување не важевме за фаворити, ама стигнавме до финалето. Не треба да жалиме за пропуштената шанса, туку да се фокусираме на следните предизвици. Најважно е дека докажавме дека можеме да бидеме рамноправни со сите. Малку фалеше синоќа во Берлин ние да се радуваме. Се надевам дека до крајот на мојата кариера ќе се искачам на европскиот трон, истакна 37-годишниот Буфон.

Тој им ја честиташе титулата на фудбалерите на Барселона, тим за кој смета дека во моментов е најдобар на светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top