| четврток, 6 декември 2018 |

Германија ги блокира сите коментари на Инстаграм на кирилица

instagram-followers1Германската Влада издаде наредба за болкирање на сите коментари на профилот на канцеларката Ангела Меркел на Инстаграм, кои се напишани со кирилични букви, објави весникот „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“.

Потврдувајќи ја ваквата одлука, претставник на германската Влада за весникот вели дека таа е донесена по „поплавата на навредливи коментари од Русија“ на профилот на канцеларката Меркел.

– Со цел за подобро разбирање, избришани се сите коментари на други јазици, освен на германски и англиски, нагласил тој.

Профилот на Меркел на Инстаграм беше отворен во средата и за кусо време беше преплавен со вулгарни пораки испишани со кирилично писмо.

Според „Франкфуртер Алгемајне Цајтинг“, во најголем број случаи коментраите преставувале „препукување“ меѓу Руси и Украинци во врска со кризата во источна Украина.

– Вулгарните коментари прво почнавме да ги бришеме еден по еден, но постојано се појавуваа нови, изјави претставникот на германската Влада, образложувајќи ја ваквата одлука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top