Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер изјави дека излегување на Грција од еврозоната не е опција, но додаде дека тоа не значи оти тој може да „извади зајак од шапката“ за да спречи нешто такво.
На прес-онференција пред почетокот на Самитот на Г-7 во германското место Крин, Јункер ја обвини Атина дека не доставила листа на реформи, како алтернатива на предлозите на кредиторите, кои грчкиот премиер Алексис Ципрас во петокот ги оцени како „апсурдни“.
– Алексис Ципрас, кој е мој пријател, вети дека до четрток вечерта ќе достави друг, алтернативен предлог… Јас никогаш не добив таков алтернативен предлог, рече Јункер.
Првиот човек на Еврокомисијата нагласи дека е разочаран од Ципрас, додавајќи дека иако го смета за пријател тој сепак ќе „мора да почитува одреден минимум правила за да останат пријатели“.
Јункер најави и дека очекува на маргините на Самитот ЕУ-Латинска Америка, што во среда почнува во Брисел, да се одржат и преговори со Ципрас и со другите лидери од еврозоната.
Запрашан кога истекува рокот за постигнување договор со Грција, која можеби не ќе може да ги исплати долговите што и доспеваат во текот на овој месец, Јункер нагласи дека рок сигурно ќе постои, но не посочи никаков конкретен датум.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст