| четврток, 6 декември 2018 |

Нови и евтини методи за депилација

depilacija-1
Ако сакате да пробате нешто ново што можете да го примените во домашни услови, ви препорачуваме депилација со брашно. Корените на влакната со време ќе почнат да слабеат и да стануваат помалку видливи. Погодна е и за симнување на влакненца од лицето и од понежните делови од телото, бидејќи е ефикасна и за отстранување на помалите влакненца.
За да ги отстраните влакната од испробајте ги овие три методи:

– Првата метода ја препорачуваме за депилација на лицето и за неа ви е потребна една шолја брашно (најдобро да биде брашно од леблебија), пола лажичка шафран во прав (кој се продава со сите поголеми маркети) и нек0лку капки млеко. Измешајте го брашното од леблебија со шафранот и додадете неколку капки млеко за да се направи густа смеса.

Нанесете ја смесата на влакненцата на лицето во правец на нивниот раст и оставете ја да се суши 20 до 25 минути. Потоа, со влажна крпа симнете ги влакненцата спротивно од нивното растење. Остатоците од смесата отстранете ги со топла вода.

На крај, нанесете хидрантна крема. Во тек на овој вид депилација може да почувствувате блага иритација, но тоа трае кратко. Доколку постапката ја повторувате редовно, во значителна мера ќе ги намалите влакненцата.

– За вториот метод кој исто така се препорачува за депилација на лицето, измешајте 10 милилитри свеж лимонов сок, една шолја вода и 30 грама брашно од леблебија. Измешајте ги сите состојки за да добиете компактна смеса без грутки, па нанесете ја на лицето. Оставете да се исуши 15 минути, и симнете ја со крпа со посилни движења во правец на растење на влакненцата.

– Третата метода се препорачува за отстранување на влакната од целото тело. Потребно ви е да соедините една белка, една лажица шеќер и пола лажица пченкарно брашно. Изматете ја белката со шеќер, и додајте го пченкарното брашно, и мешајте додека да добиете густа смеса.

Нанесете ја смесата на сува кожа во правец на растење на влакненцата и оставете ја да се исуши. Симнувајте ја од кожата во правец на растење на влакненцата. На овој начин, влакната ги отстранувате од корен, а може да се примени и на погусти влакна како стандардна депилација. Со тоа и резултатот ќе биде подолготраен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top