Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, од денеска – 7 јуни 2015 година, ќе учествува на Самитот на Претседатели на процесот Брдо – Бриони кој се одржува во Будва, Црна Гора.
Предвидено е претседателот Иванов да учествува на работната вечера на земјите членки на „Брдо-Бриони Процесот“, да има обраќање на пленарната сесија на Самитот и да оствари средби со претседатели од регионот.
На состанокот, покрај претседателот Иванов ќе учествува и претседателот на Црна Гора, Филип Вујановиќ, претседателот на Република Австрија, Хајнц Фишер, претседателот на Република Хрватска, Колинда Грабар – Китаровиќ, претседателот на Република Словенија, Борут Пахор, претседателот на Република Србија, Томислав Николиќ, претседателот на Република Албанија Бујар Нишани, претседателот на Република Косово, Атифете Јахјага, и претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина, Младен Иваниќ.
Проширувањето на Европската унија, инфраструктурните проекти и енергетската безбедност се дел од клучните теми на годинешниот состанок на лидерите на „Брдо-Бриони Процесот“ во Будва.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ
-
Кабинет на Иванов: Владата самата да се запраша зошто е исвиркана
-
Претседателот Иванов со порака до граѓаните: На Илинден сите дојдете на Мечкин Камен во Крушево