Амал Aламудин, убавата сопруга на холивудскиот актер Џорџ Клуни има совршен тен, сјајна коса и елегантни веѓи.
Како го постигнува тоа и која е тајната на нејзиниот природен, но истовремено софистициран изглед? Магазинот „Ел“ нуди неколку совети како и вие да изгледате така
Секогаш средени веѓи
Амал никогаш не излегла во јавност со огромни и неуредни веѓи, иако сега тоа стана тренд. Нејзините веѓи се комплетно средени и уредни, со што доаѓаат до израз нејзините очи и што и дава софистициран изглед.
Розов кармин
Розевата е заштитен знак на убавата адвокатка! Нежно розов кармин носи во различни пригоди, а со нејзиниот карамел тен, бојата совршено се вклопува. Изгледа природно и совршено!
Фризура ала Кејт Мидлтон
Волумен е тајната состојка на совршена фризура на Амал. Се чини дека г-ѓа Клуни го следи примерот за добро одржување на косара од Кејт, бидејќи бујната брановидна коса стана нивен заштитен знак.
Елегантен шешир
На третиот ден на свадбата, Амал избра совршен бел комплет, комбинирајќи го со огромен бел шешир, што е одличен моден додаток. Она што е најважно, таа не заборави нејзината коса, која остана совршена и под него.
Уреддни нокти
Таа никогаш не си дозволува да има неуредни нокти. Маникирот секогаш и е во неутрални бои, кои совршено се вклопуваат со нејзината елеганција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.