| четврток, 6 декември 2018 |

Каде се лидерите во оваа криза?

Две лица починаа од Блискоисточниот респираторен синдром (Нилска треска), додека случаи со терцијарни инфекции (не предизвикани од директен контакт со први преносители на вирусот) се исто така за првпат пријавени. Потврдено е дека триесет луѓе се заразиле со Мерс, вклучувајќи и три терцијални инфекции, пишува јужнокорејскиот „Чосун Илбо“.

Бројот на луѓе кои здравствените власти ги сместија во карантин порасна на над 700. Одговорот на владата се уште е пасивен и неколку чекори пребавен. Вработените во здравството ставија во карантин само мал број на повозрасни пациенти во државните установи, додека на повеќето од луѓето за кои постои сомнение дека се инфицирани им е речено да останат дома и да не се приближуваат на помалку од два метри до членовите на нивните семејства, да носат маска и да спијат сами.

Постојат 579 карантински институции во 17 болници низ целата земја, но само 105 од нив имаат соби опремени да спречат ширење на вируси. Нема повеќе место во постоечките карантини за да примат повеќе пациенти.

Јавноста почнува да станува се поисплашена додека расте бројот на пријавени случаи од Мерс, а економските последици веќе стануваат видливи. Туристите ги откажуваат планираните посети на Кореја, додека некои училишта и градинки се затворени. Повеќе бизниси размислуваат на привремено затворање, а луѓето откажуваат посети во болниците откако слушнаа дека инфекции со Мерс почнале да се шират по болниците.

Ако оваа атмосфера продолжи повеќе од еден месец, домашната економија ќе влезе во негативен вртлог, како што се случи со потонувањето на ферибродот минатата година.

Други земји ќе проценуваат како Кореја се справува со епидемијата од Мерс. Мерс се заканува по животите на Корејците, а имиџот на земјата зависи од тоа како ефикасно се справува со болеста. Ова може да прерасне во национална криза.

Но, Чеонг Ва Дае останува молчелив и се остава во рацете на министерството за здравство и социјала. Во вторникот вд. премиерот, Чои Кјунг-хван, конечно претседаваше со состанок на оваа тема.

Единственото нешто кое претседателот Парк Гјун-хју досега го стори е што издаде соопштение дека „им дал инструкции на официјални лица“ да ги мобилизираат сите државни медицински ресурси во борбата со ширењето на Мерс. Таа допрва ќе треба да свика состанок за болеста или да се појави корејските центри за контрола на болести и превенција.

Наместо тоа, таа одлучи да се држи на нормалниот дневен ред, односно да оди во Јеосу во вторникот за отварањето на деловен центар, што изгледа дека не е свесна за кризата.

Претседателот треба да биде целосно вклучен во справувањето со кризата со Мерс. Ако не успее да застане на чело во борбата против проблемот кој се заканува на човечките животи и на имиџот на нацијата, кризата со Мерс може да ескалира во голема катастрофа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top