Во Македонија немаме проруска власт и американска опозиција или обратно како што беше случајот во Украина. Кај нас имаме и проамериканска власт и проамериканска опозиција. Значи ниту Груевски е Јанукович, а ниту Заев е Јулија Тимошенко, пишува новинарот Васко Ефтов на својот ФБ профил.
Тој вели дека во таква ситуација, Ефтов коментира дека поделба на државата на два дела е можна само по етничка ( македонско-албанска ), а не македонско- проруска и македонско- проамериканска основа.
-Кога на теренот имате две проамерикански структури (како што беше случајот во Турција на пример) тогаш е важно кој го контролира теренот. Односно, дали опозицијата ќе биде власт или власта ќе си остане власт зависи само од една работа-кој повеќе го контролира теренот. Затоа на Груевски му беше важно да има „успешна“ акција во Куманово и да има поголем митинг од митингот на СДСМ. И затоа на Заев и на опозицијата им беше важно да имаат успешен референдум во Центар и да имаат големи протести поврзани со бомбите. Кога Груевски покажа поголема сила на терен (со анкети за мерење на рејтингот и преку „ефективно“ практицирање на власта ) му беше лесно да влезе во пазарење со Американците: Се откажа од Турскиот Тек и смени тројца од петмината свои најблиски соработници. За да може да парира на тоа на Заев му се потребни политички и етнички конфликти во Македонија. И тоа е суштината на целиот проблем. Затоа власта сака да оди на избори за да ја ефектуира својата предност во контролата на теренот, а опозицијата не сака да оди на избори бидејќи нема посакувана сила на теренот, пишува Ефтов.
Според него, во такви услови опозицијата ќе мора ( по секоја цена ) да игра на етничката или на верската карта.
– Ако ја прифатиме тезата дека кризата во Македонија треба да биде решена до почетокот на летото, тогаш е јасно дека пред опозицијата стојат на располагање најмногу две недели, бидејќи потоа доаѓаат рамазанските пости кога меѓуетничката или меѓуверската агенда ќе мора да ја стават ад-акта, додава Ефтов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ефтов: Прво некој во 2015 ви остава бомби пред вратата, потоа ви остава договор за Северна Македонија
-
Ефтов: Во што е храброста да се смени името на една држава?
-
Ефтов: Вчера вечер Христијан Мицкоски го прегази Зоран Заев!
-
Васко Ефтов до „шарените првоборци“: Од неделата наваму секое непојавување на медиум што не е под нивна контрола ќе значи страв од соочување со јавноста!